Во согласност со правилата од грантот за Еразмус+ проектот 2023-2-PL01-KA210-SCH-000177447 ,,Practical is more logical”, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за аплицирање на 2 ученика од III година кои преку овој проект за примена на практичното учење би биле вклучени во Еразмус+ програмата , односно мобилностите што ќе се одржуваат во периодот од 1 до 4 јуле 2025 година во:
Јанина, Грција
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:
- Мотивационо писмо;
- CV;
- Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).
Документацијата се доставува до секретарот на училиштето, не подоцна од 26.06.2025 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:
Зошто практичното учење има поглеми резултати од теоријата?
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- да нема претходно учество на Еразмус+ проект во училиштето
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- усна презентација
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.
24.06.2025 Охрид Директор: Светлана Велкоска