Екипата на Црвен крст Охрид учествуваше на 31. Државен натпревар по Прва помош во Гостивар и го освои 6-тото место, а дел од тимот беа нашите ученици Дарија Талевска, Ања Алческа, Никола Гашоски и Филип Танаскоски заедно со професорот Перчо Божиновски, под целосна поддршка и логистика на искусните членови на Црвениот Крст од Охрид.
Нашите млади демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди заедно со 10 екипи од различни градови кои беа најдобри најпрвин на општинско, потоа на регионално ниво.



