Учениците од нашата Гимназија, имаа можност да бидат дел од интерактивна работилница која беше наменета за средношколци од Струга, Охрид и регионот, со цел да се запознаат со основите на теренска научна работа и биодиверзитет. Тие беа водени од експерти од Хидробиолошкиот Институт – Охрид и учествуваа во следните активности:
Мерење на pH вредност, ниво на кислород и заматеност на езерската вода
Користење на микроскопи за набљудување на микроорганизми (ротифери)
Дискусија за биолошката разновидност и влијанието на човекот врз езерскиот екосистем
Овие активности ги приближуваат младите до светот на науката, поттикнуваат и развиваат истражувачки вештини, критичко размислување и еколошка свест – вредности што ќе им помогнат кон нивниот пат во иднина.
Хидробиолошкиот Институт ја сподели својата експертиза со новата генерација истражувачи – мотивација на младите за идни научни успеси!


