Гимназијалците преку ,,Госпоѓа Бовари” гледаа како книжевноста оживува во танц

Нашите талентирани и уметнички души заедно со своите професори имаа можност да ја почувствуваат магијата на уметноста во живо во Македонската опера и балет на балетската претстава „Госпоѓа Бовари“, балет во два чина, инспириран од романот на Густав Флобер.

За учениците и нивните професори беше патување низ светот на емоциите, движењето и музиката, каде што балетските уметници преку танц ја пренесоа драмата, страста и внатрешните борби на Ема Бовари.

Горди сме што нашите ученици чекорат кон знаење и култура градејќи богат светоглед со вредности и инспирација.