Вредните и неуморни ученици од трета и четврта година учествуваа во есенската акција ,,Пошумување во селото Требеништа”.
Садниците беа донација од еден од најпосветените поддржувачи Ристо Климовски од Трпејца.
Целта на пошумувањето беше да се придонесе кон создавање поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации, преку зачувување и обновување на шумите кои се главен извор на кислород и симбол на животот.
Им благодариме на сите ентузијасти и екологисти за посветеноста кон создавање на похумана и одржлива заедница.


