Активности по повод патрониот празник на Гимназијата – ден 1

Во средата, 3.12.2025, како дел од одбележувањето на нашиот патронен празник, беа реализирани активности од страна на активот по информатика кога беше промовирана првата смарт училница, целосно опремена со современи дигитални технологии кои го унапредуваат наставниот процес и создаваат ново искуство за учениците.

Новата училница овозможува автоматизирано управување со повеќе уреди: светлото се контролира преку системот ,,Alexa”, сите компјутери се поврзани во мрежа за интерактивна и колаборативна работа, а телевизорот и останатата опрема функционираат преку централизирано управување. На настанот беше промовиран и специјален сензор за анализа на интензитет на светлина, кој проверува дали осветлувањето во просторијата е соодветно и безбедно за учениците.

Дополнително, беше претставен и „Evolution Robot“, напреден едукативен робот кој може да се раководи во реално време, но и целосно да се програмира според наставните потреби. Со тоа учениците добиваат можност да учат роботика, логичко размислување и програмирање преку практична работа.

Проектот е реализиран по иницијатива на проф. Дарко Цветкоски и неговите колеги, кои вложија значителни напори за интеграција на современа технологија во наставата. Со ова, гимназијата поставува стандарди за модерно образование и создава средина што ги поттикнува иновацијата, креативноста и технолошките вештини кај младите.