Учениците од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид ја посетија Гимназијата во рамки на кампањата за запознавање со можностите и условите за образование во училиштето.
Во текот на посетата тие имаа можност да го разгледаат кабинетот по информатика, каде, од страна на професорите, им беше претставена новата современо опремена СМАРТ училница. Видоа како преку “Alexa” може да се вклучи/исклучи ТВ, осветлувањето или другите уреди во просторијата.
Дополнително, учениците се запознаа и со нашиот „Evolution Robot“ – напреден едукативен робот кој може да се управува во реално време, но и целосно да се програмира според наставните потреби и со новиот 3Д печатач. Беше демонстрирана и употребата на дрон, преку кој учениците се запознаа со основите на управување со беспилотни летала и нивната примена во современата технологија.
Преку ваквите практични активности, учениците имаат можност да се запознаат со роботиката, логичкото размислување, програмирањето и современите дигитални технологии кои им се достапни на учениците во Гимназијата при процесот на образование.
Посетата помина во позитивна атмосфера и претставуваше одлична можност основците одблиску да се запознаат со условите за учење и работа во Гимназијата од каде што ги испративме насмеани и задоволни.

