Одиме и на државен натпревар по програмирање

Во ерата на дигиталната трансформација, програмирањето станува новиот јазик на писменоста. Тоа не е само код – тоа е уметност на решавање проблеми.

На 1.3.2026 година нашите ученици учествуваа на Регионалниот натпревар по програмирање. Во исклучително силна конкуренција, тие успешно се соочија со серија комплексни алгоритамски предизвици. Ученикот Илија Волканоски IV година, под менторство на проф. Елизабета Левеска освои III награда и обезбеди учество на државниот натпревар по програмирање.

Овој успех претставува значаен показател за квалитетната работа, талентот и посветеноста на ученикот во областа на програмирањето, како и мотив за понатамошно унапредување на неговите знаења и вештини.

Пофалници за учество добија и учениците Борис Тодороски и Матеј Николовски од I година – ментор Дарко Цветкоски.