Гимназија со нулта толеранција за насилство

Со градење безбедна училишна средина и придонес на секој ученик за атмосфера на почит, поддршка и емпатија, преку препознавање на различните видови насилство и активна улога на сведоци со анонимно пријавување на насилството на истакнати телефонски броеви, нашето училиште се приклучува на кампањата на СВР од Охрид насочена кон превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“.
Не биди нем сведок! Пријави насилство веднаш!

Група ученици ги поделија флаерите со телефонски броеви и подетално ги информираа своите соученици за кампањата и важноста на пријавувањето на броевите 192 и 112. Континуираната работа на превенцијата продолжува и во наредниот период.