На општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 14.03.2026 во ООУ „Христо Узунов”, нашите гимназијалци остварија успешно учество покажувајќи одлични знаења и јазични вештини. Со својата посветеност и труд, тие постигнаа забележителни резултати и достојно го претставија училиштето.
I година:
Борис Тодороски – III награда и пласман на Регионален натпревар, ментор Даниела Спироска
Ели Џајкоска – пофалница, ментор Даниела Спироска
II година:
Михаела Стефаноска – I награда и пласман на Регионален натпревар, ментор Сузана Ристеска
Марија Николовска – III награда и пласман на Регионален натпревар, ментор Сузана Ристеска
III година:
Елена Николоска – II награда и пласман на Регионален натпревар, ментор Нела Коњановска Танеска
Елена Веруш – II награда и пласман на Регионален натпревар, ментор Нела Коњановска Танеска
Честитки за учениците и менторите и многу среќа на понатамошните натпревари.