Први награди за гимназијалците на Регионалниот натпревар по Биологија

Регионалниот натпревар по Биологија кој се одржа на 27 март 2026 година, помина во одлична атмосфера и со извонредни резултати. Учениците покажаа високо ниво на знаење, посветеност и љубов кон биологијата, што придонесе натпреварот да биде исклучително успешен.
Особено радува фактот што голем дел од учениците освоија I награда, со што се потврди квалитетот на нивната подготовка и менторска работа на професорите. Постигнатите резултати претставуваат гордост за нашата Гимназија и силен мотив за понатамошно усовршување и напредување.

Прва година
Виктор Милевски I награда
Елена Павловска I награда
Ментор: проф. Кристијан Шешов

Втора година
Никола Гашоски I награда
Ангел Трајчески I награда
Петар Лазороски I награда
Константин Групчев I награда
Тане Јанчески I награда
Никола Танески II награда
Ментор: проф. Емилија Трајческа

Трета година
Дарија Талеска I награда
Петар Стојаноски I награда
Ментор: проф. Славица Кичеец

Четврта година
Анастасииа Михаилович Атесленко II награда
Ментор: проф. Емилија Трајческа