Денес, на натпреварите од Општинската лига во кошарка, учениците од нашата Гимназија постигнаа извонреден успех, освојувајќи двојна победа – и во машка и во женска конкуренција!
Нашите кошаркари и кошаркарки покажаа одлична игра, тимски дух и голема борбеност на теренот, што резултираше со заслужени победи и во двата натпревари. Со ова уште еднаш се потврди квалитетот и посветеноста на учениците, како и нивната љубов кон спортот.
Овој успех претставува голема гордост за нашето училиште и мотивација за идни натпревари и нови победи!
Честитки до сите ученици и нивните ментори!
