Нашите ученици од II, III и IV година од општествено-хуманистичкото подрачје, на 17.4.2026 година имаа можност да го посетат Собранието на Република Македонија.
При посетата учениците се запознаа со историјата на зградата, начинот на функционирање, како и со значењето на Собранието како столб на демократскиот систем.
Посебен впечаток остави Охридската соба која плени со својата богата и раскошна резба изработена од вештите раце на охридските копаничари.
Во рамки на посетата, учениците ги разгледаа и Пленарната сала, Кристалната сала, просторот за медиуми, како и салата „Борис Трајковски“ — места кои секојдневно се користат во работата на пратениците.
Оваа едукативна посета претставуваше значајно искуство за учениците, овозможувајќи им поблиску да се запознаат со функционирањето на државните институции.







