Нè очекува државен натпревар и по Историја

На 18.04.2026 година се одржа онлајн регионален натпревар по историја, каде нашите ученици се претставија во прекрасно светло и завршија со одличен пласман.

Регионалниот натпревар го поминаа и се пласираа на државен натпревар следните ученици:

Филип Николоски II-6

ментор проф. Елена Николоска


Сара Арсов I-1

Климент Размоски I-1

Андреј Таневски II-8

ментор проф. Григор Ангеличин Жура


Петар Ристески III-3

Никола Ристески III-5

Калина Паунче III-5

Дејан Буџакоски III-4

ментор проф. Михаил Патчев


Државниот натпревар по историја за учениците од средните училишта ќе се одржи со физичко присуство на учениците на 23.05.2026 година во просториите на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Им честитаме на нашите ученици и ментори и им посакуваме многу успех понатаму.