Нашиот Еразмус+ проект “Еurope: We are colors of the rainbow” e во финална фаза и по тој повод, на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, дел од учесниците ги презентираа проектните цели и добри практики пред присутните студенти и професори, за негова поголема видливост во јавноста и поголема достапност на информациите до целните групи. Тие ги споделија своите искуства, стекнатите знаења за важноста на културното наследство како тема на проектот, како и бенефитите од учеството во Еразмус програмите на Европската комисија.
На 9 мај се одбележува Денот на Европа со промовирање на вредностите на ЕУ и можностите преку програмата Еразмус+, која нуди шанса за дополнително образование, но и животно искуство кое ги отвора хоризонтите. ERASMUS+ не е само патување за подобро запознавање на Европа, туку и патување за запознавање на нови луѓе и култури – и себеси!
Еразмус е наменет за тие кои сакаат да го надополнат своето знаење преку алтернативни и иновативни методи на неформалното учење, се работи за искуствено учење кое го поттикнува личниот развој и самостојноста. Соочување со нови предизвици во непозната средина помага во градење на силен карактер, зголемува самодоверба и ја развива адаптибилнлоста, особено на подолгите мобилности кои се наменети за универзитетски студенти. Учесниците учат како да комуницираат и соработуваат со луѓе од различни култури што ги руши предрасудите и гради толеранција. Се создава мрежа на контакти со врсници и професионалци од цела Европа, што често води до идни соработки.






