Отворен ден на Гимназијата: Јазици, култури и насмевки во еден кадар

За Отворениот ден на нашето училиште, активот по странски јазици подготви креативна и инспиративна активност за идните средношколци.

Во духот на мултикултурноста и љубовта кон јазиците, беа изработени уникатни фото-рамки со мотиви од англискиот, францускиот, германскиот, италијанскиот и латинскиот јазик.

Деветтоодделенците имаа можност да се фотографираат со интересни и забавни реквизити, инспирирани од различни култури, при што на креативен начин се запознаа со убавината и значењето на изучувањето странски јазици.

Воедно, учениците имаа можност непосредно да се сретнат со професорите по странски јазици, да поставуваат прашања и да разменат идеи и искуства поврзани со учењето, што придонесе за уште поголема мотивација и интерес за нивниот понатамошен образовен пат.

Преку оваа активност, учениците не само што се забавуваа, туку и направија прв чекор кон откривање на нови светови, култури и можности што ги носи познавањето на странски јазици. Особено освежување беа малечките посетители од градинка кои внесоа допоплнителна радост на настанот.

Отворениот ден уште еднаш покажа дека нашето училиште е место каде што знаењето, креативноста и пријателството се спојуваат во едно незаборавно искуство.