По повод отворениот ден на нашата Гимназија, на кој наши гости беа наставници и ученици од IX одделение од основните училишта, учениците од I и II година, под менторство на професорките по хемија, подготвија интересни и атрактивни хемиски експерименти.
Преку изведување на таложни реакции – дел од практичната настава по хемија за прва година – посетителите имаа можност одблизу да се запознаат со светот на хемијата и со начинот на кој се реализира наставата во нашето училиште.
Најголемо воодушевување кај учениците-гости предизвика можноста самостојно да ги изведуваат експериментите, со помош и поддршка од нашите ученици. Така, преку практична работа, тие непосредно го почувствуваа најинтересниот и највозбудлив дел од хемијата.
Активот по хемија и во наредниот период ги поканува учениците од IX одделение да присуствуваат на часовите по хемија во нашата Гимназија и лично да се уверат во она што го нудиме – знаење, квалитетна настава, поддршка, нови пријателства и пријатна училишна атмосфера.







