Poka-yoke принципот презентиран пред гимназијалците во фабриката ,,Magna mirrors“

На 15.5.2026 година учениците од III година од природно-математичкото подрачје реализираа посета на фабриката „Magna Mirrors“, која работи во состав на канадската компанија ,,Magna International”, во придружба на професорките по физика Јасмина Јанева и Марија Сиљаноска.

Срдечен пречек во кругот на фабриката учениците имаа од страна на Maintenance manager Сашо Сиљаноски кој ги запозна со динамиката на работењето на оваа фабрика за производство на автомобилски ретровизори и делови за истите.

Учениците на оваа посета имаа можност да присуствуваат и на предавањата од инженерот Благоја Сотировски од ,,Секторот за одржување“ како и Александар Настоски – PLC specijalist.

Во текот на оваа посета учениците имаа можност да се запознаат со најсовремените технологии како и примената на стандардите за производство во автомобилската индустрија.

Вниманието на учениците овојпат го привлече Poka-yoke методот (спречување на грешки) чија главна предност е подобрување на квалитетот a намалување на дефектите но и на трошоците. Системот за асемблирање на жици, кој беше претставен пред учениците, предизвика значителен интерес и мотивација како резултат на неговата иновативна концепција, но и поради едноставниот и практичен принцип на функционирање.

Исполнети со позитивни впечатоци, учениците и професорите си заминаа од фабриката со надеж дека повторно ќе имаат можност за нова средба и соработка. За време на посетата тие имаа можност поблиску да се запознаат со процесот на работа, современата технологија и условите што ги нуди фабриката, која се наоѓа во технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

Посетата претставуваше значајно искуство и можност за поврзување на теоретските знаења со практичната работа.