Активот по општествени науки, во рамки на Отворениот ден во нашата гимназија, организираше инспиративна филозофска работилница на тема: „Целта на филозофијата е среќен живот“, инспирирана од учењето на античкиот филозоф Епикур.
Посетителите на нашиот штанд имаа можност да размислуваат и творечки да се изразат на прашањето: „Што е среќа?“
Преку пишан збор, учениците ја покажаа својата креативност, оригиналност и лични размислувања за една од најважните животни теми.
Како дел од активноста, секој учесник можеше да извлече подарок и да добие инспиративна порака, што дополнително ја збогати атмосферата и ја направи работилницата уште пооригинална.
Особено нè радува големата посетеност и интересот на учениците од основните училишта, кои со својата љубопитност и ангажираност придонесоа за успешна и креативна реализација на настанот.
Нашите гимназијалци го олеснуваа движењето на гостите водејќи ги низ секој штанд и секоја активност и споделувајќи искуства во врска со функционирањето на нашето училиште со идните ученици.
Со нетрпение ги очекуваме идните средби исполнети со идеи, размислувања и инспирација!






