Нашите гимназијалки постигнаа извонреден успех на Државното првенство во атлетика, кое се одржа на 19.05.2026 година во спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово!
Настанот беше организиран од Федерацијата на училишен спорт, во соработка со Атлетската федерација на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово.
🥇 Исидора Маџар – 1 место во скок во височина
🥇 Сара Секулоска – 1 место штафета
🥇 Ева Ѓоршоска – 1 место штафета
Со својата посветеност, талент и спортски дух, тие достојно ја претставија нашата Гимназија и ни донесоа голема чест.
Честитки за нашите шампионки и им посакуваме уште многу успеси во иднина!

