Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, распишува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за спроведување на Конкурсот за запишување
ученци во I година во учебната 2026/2027 година
I. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Во I година во второто пријавување во ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид ќе се запишат 170 ученици со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за
– гимназиско образование – 61 ученици, 60 миниумум поени
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Услови за запишување на учениците се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години
– да се определиле за план и програма за гимназиско образование
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународeн натпревар и / или освоено I место на државен натпревар;
– извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање);
– проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.
Учениците кои го завршиле основното образование или дел од него во странство треба да достават нострифицирани документи.
Учениците кои се запишуваат за вториот странски јазик се определуваат помеѓу италијанскиот, францускиот и германскиот, а првиот странски јазик е англискиот јазик.
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во два уписни рока. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
Второто пријавување ќе се врши на 23 јуни до 23.59 часот
Доставувањето на потребната документација до училиштето ќе се врши на 24 јуни од 8.00 до 15.00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 25 јуни до 12.00 часот во училиштето и на учлишната веб страна https://gimnazijaohrid.edu.mk
V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на ученици се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 50 поени.
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети од значење за подрачјето (мајчин јазик, англиски јазик, математика, историја). По овој критериум ученикот може да добие најмногу 20 поени.
– диплома од освоено I, II и III место од меѓународен и/или освноено I место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
– средена вредност на поени добиени за поведение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени. За да се запишат учениците во ОСУ “Св.Климент Охридски ” – Охрид треба да има освоено по сите критериуми најмалку 60 поени.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во средното училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.
18.06.2026 год. Училишна комисија за запишување на ученици
Охрид Претседател,
Светлана Велкоска