Вкупно 38 ученици од нашата Гимназија беа наградени од Општина Охрид со парични награди за освоени места на регионалните натпревари по наставните предмети.
Особено нè радува фактот што овие успеси се постигнати во различни области и предмети што се изучуваат во гимназиското образование – од природните и математичките науки, преку општествените и хуманистичките дисциплини, до јазиците и уметностите. Ова е најдобар доказ дека Гимназијата им овозможува на учениците да стекнат широко и квалитетно образование, да ги развиваат своите таленти и да ги надградуваат своите знаења во сите области.
Зад секој успех стојат многу труд, посветеност, љубопитност и желба за напредок, но и континуираната поддршка од наставниците и менторите кои ги препознаваат и негуваат потенцијалите на младите.
Искрени честитки до сите наградени ученици и нивните ментори! Горди сме што со своите знаења, достигнувања и вредности достојно ја претставувате нашата Гимназија и Општина Охрид.
Ви посакуваме уште многу успеси и нови предизвици што ќе ги претворите во достигнувања!