Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 9 и 10 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува
Јавен оглас бр.1/2026
за пополнување слободни работни места
1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:
| Ред.бр. | Шифра | Назив на работното место | Број на извршители |
| 1 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по македонски јазик и литература | 1 |
| 2 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по информатика | 2 |
| 3 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по биологија | 2 |
2. Работниот однос за работoтo местo бр. 1 се заснова за замена на отсутен работник до враќање на работникот на работа, а најмногу до 31.08.2027 год. Работниот однос за работите места бр. 2 и 3 се заснова на определено време до 31.08.2027 год.
3. Работниот однос за работните места бр. 1 и 2 се заснова со полно работно време. Работниот однос за работните места бр. 3 се заснова 1 извршител со полно работно време и 1 извршител со неполно работно време од 10 наставни (20 работни) часа.
4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
– да е полнолетен
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Секој кандидат треба да ги исполнува посебните услови утврдени во член 3, односно чл.39 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта:
- има завршено најмалку четири години соодветно високо образование согласно со нормативот за наставен кадар утврден во наставната програма, oдносно нормативот за стручни соработници и се има стекнато со најмалку 240 ЕКТС
- има положено стручен испит. За наставник, односно стручен соработник може да биде примено и лице кое нема положено стручен испит најмногу до завршувањето на тековната учебна година.
5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во една смена од 8 до 14 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.
6. Основната нето плата за полно работно време за сите работнити места изнесува 42.499 денари.
7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да ја преземат ТУКА
Со пријавата кандидатите треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование (уверение или диплома)
- уверение за државјанство на Република Северна Македонија
- уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)
Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.071 366118.
Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.
8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.
ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид