Двајца наши гимназијалци дел од младинската машка ракометна репрезентација

Нашите ученици од втора година, Јован Спироски и Илија Трајчески станаа дел од младинската машка ракометна репрезентација!

Овој успех е потврда за нивниот талент, посветеност, труд и љубов кон ракометот. Нивниот избор во репрезентативниот состав е големо признание, но и поттик за нови спортски достигнувања.

Посебна благодарност и признание заслужуваат и професорите по спорт и спортски активности, кои со својата поддршка и поттикнување на спортскиот дух придонесуваат за развојот на младите таленти. Нашата Гимназија продолжува да ги поддржува учениците во остварувањето на нивните спортски и лични цели, верувајќи дека вистинскиот успех се гради со заеднички труд, упорност и посветеност.

Им посакуваме многу успех, спортски дух и уште многу победи, со гордост да го претставуваат македонскиот ракомет и нашето училиште!

Браво Јован и Илија! Продолжете да сонувате, да се трудите и да победувате!