Прва награда на државниот натпревар по физика

На Регионалниот натпревар по физика одржан на 10.03.2018 година, во
Крушево учениците од ОCУ”Св. Климент Охридски”-Охрид постигнаа одлични
резултати. Петар Лекоски од втора година освои трета награда, Стефан
Андрески од прва година пофалница и пласман на државниот натпревар,
додека  Стојан Буџак и Виктор Савески, исто така ученици од прва година
обезбедија само пласман на државниот натпревар.

На 61-от државен натпревар одржан на 28.05.2018 година во Тетово ученикот Петар Лекоски освои прва награда и право на учество на Селекциониот натпревар за Светската Олимпијада.
На Државниот натпревар по астрономија ученикот Филип Рајчески го освои третото место.
Сите ученици беа под менторство на професорката  Виолета Никовска.