Еразмус + : Возвратна посета на Охридската гимназија кај гимназијата „Франц Миклошиќ“ од Љутомер, Словенија

Во рамки на програмата Еразмус +,како дел од проектот ,,Младите во акција”,нашето училиште ОСУ „Св.Климент Охридски” реализира посебен проект под наслов ,,Миграција и меѓукултурни односи”. Носител на проектот е гимназијата,,Франц Миклошиќ”од Љутомер,Република Словенија,а нашата гимназија се јавува како партнер во истиот.Проектот трае една година,и тоа во текот на 2018.

Исполнетите цели во текот на оваа соработка се:

-запознавање со други народи,култури,религии;

-изнаоѓање начини за вклучување на мигрантите во нашите општества;

-изнаоѓање примери на добра пракса за вклучување на мигрантите во општеството,посебно во образовниот систем;

-учење на словенечки јазик,односно македонски;

-запознавање на младите со начелата и вредностите на ЕУ;

-промовирање на демократски вредности во општеството;

-развивање на иницијатива и социјални вештини кај младите вклучени во проектот;

-надминување на стереотипи,говор на омраза и сл.

Во периодот од 13 до 19 октомври во Љутомер престојуваа нашите ученици од ОСУ ,,Св.Климент Охридски” заедно со професорките Вера Јовческа, Даниела Спироска, Светлана Голабоска и Рената Арнаудова, како и директорот на училиштето Весна Цветкоска, како возвратна посета на онаа што нашите пријатели ја реализираа во Охрид во април,оваа година. Активностите од проектот започнаа во нивното училиште,гимназијата „Франц Миклошиќ“. Беа формирани работни групи кои преку презентации и работилници обработија различни теми.

По секоја презентација следуваше дискусија, заедничка работа во групи со мешан состав од наши и словенечки ученици. Работата се одвиваше во сесии претпладне.

Секако дека не изостана и претставувањето на убавините на локалните објекти, но и природните убавини на Љутомер, Турнишче, Мурска Собота, Буковинско Езеро, како и главниот град Љубљана и нејзините попознати знаменитости со локален водич и Постојнска Јама.

Посебно треба да ја нагласиме т.н.Словенечка вечер, кога нашите пријатели ни ја доближија својата земја нам, преку нивните традиционални фолклорни игри и песни. Се чувствувавме почестени што вечерта ни се обрати, не поздрави и ни посака топло добредојде конзулот на Република Македонија во Словенија,господинот Штефан Павлињек.Како познат и признат бизнисмен,со свои фабрики на Балканот,вклучувајќи ја и нашата зњмја,нам на младите ни го предочи патот кон успехот,а тоа е пистојаното надградување на нашето знаење.

Бевме воодушевени од се, па на заминување ни подарија дел од творбите кои беа изработени на работилниците, како сеќавање на прекрасно поминатите денови во работа и дружење.Соработката секако ќе продолжи и понатаму,посебно ќе живеат искрените пријателства кои ги создадовме.