Прва награда на 54 „Детски Рацинови средби“ – Велес

Екатерина Бочвароска, ученичка во IV година при ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на Емилија Карафилоска, лектор и професор по македонски јазик и литература, освои Прва награда на 54 „Детски Рацинови средби Велес, со песна под наслов  „Детските сништа во мугрите“. Наградата ја освои во конкуренција на сто и петнаесет поетски творби, распределени во три категории. Во продолжение, еден мал извадок од наградената творба:

дете помое од моето,

ко партал среќа сред мугрите низ таа бескрајна височина вивни се,

час сонувај до сонлива длабочина, час скриј ми се за да те најдам,

чекај ме лека-полека да ја пораснам недежта за патот глатко да ти го израмне,

па стравот од светот сиот в пепел сива да потемне,

чуј ми го гласот ко пискот на гулаб, не се плаши и мирно сонувај

зашто јас ко црн ќумур в снег те чувам,

та знај дека сите сме просјаци на сништата во мугрите

-просиме сонливо детство.