Учество на нашите ученици на модната ревија “Рециклирана убавина”

Во Центарот на култура „Григор Прличев“- Охрид ,  УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерство во земјава.  Мотото на  патувачкиот карван  е „Инспирирај се за иднината”. И нашата Гимназија беше дел од овие активности со учество на модната ревија  „Рециклирана убавина“, чии креатори се средношколци од текстилните училишта во земјава.