„Грижата за паркот е заедничка обврска”

Нашите ученици беа дел од предавањето што го организира ЈУ Национален парк Галичица како дел од кампањата под мото „Грижата за паркот е заедничка обврска”. Преку предавања, пред учениците беа претставени природните и културни вредности на паркот како и можностите што ги нуди овој национален парк во областа на туризмот. Целта на ова предавање што го одржаа Тасеска Ангела, соработник за еколошка едукација како и Пејоска Марта, Јован Јованоски и Димитри Димитров, пријатели на Паркот беше во насока за подобрување и поттикнување на младите да поминуваат повеќе време во природа.