Донација на книги во нашето училиште

Во нашата гимназија пристигнаа книги, дел од донацијата од 40 000 книги за основните и средните училишта од Охрид и околината во рамките на проектот Интернационален Проект Книга. Огромна благодарност на Бил Бриџфорд – волонтер на Мировниот Корпус од САД, училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и проф. Марија Андреева-Попоска како и благодарност до општина Охрид. Донираните книги се од областа на математиката, природните науки, медицината, стручни книги и речници, како и одреден број на тинејџерска белетристика. Со овој проект се збогатува нашата библиотека со литература на англиски јазик која ќе биде достапна за нашите ученици.