21-ви февруари Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), 21-ви февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Нека ни е честит ! Во таа чест неколку мисли за јазикот.
„Јазикот е нашата татковина“ Блаже Конески

„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

„Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадност кон нацијата. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина македонски.“
(Блаже Конески)

,,Да го сочуват некој својот народен јазик и да го бранит како светина значит да останит верен на духот на своите предедовци и да уважаат, се’ шчо имат они напраено за своето потомство. Да се откажит чоек од својот народен јазик, значит „да се откажит он и од народниот дух..“
,,За македонцките работи“-Крсте Петков Мисирков