Гимназијалците со успешна видео презентација учествуваа во Глобалната кампања за климатски промени на НАТО и нормално уште една награда!

Како дел од Глобалната кампања за климатски промени на НАТО, беше распишан конкурс за изработка на кратко видео во кое ќе бидат опфатени еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот. Нашето училиште зеде учество на конкурсот под менторство на професорката Марија Чанова која организираше тим на ученици од четврта година за изработка на видеото. За тим лидер беше избран ученикот Андреј Митрески, а учесници беа учениците од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б од класот IV-4. Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка на Мисијата на САД во НАТО го избраа нашиот тим како еден од најуспешните во меѓународни рамки. По тој повод нашето видео ќе биде прикажано во кампањата #MyClimateSecurityStory и ќе има можност да учествува на виртуелна тркалезна маса со претставникот на САД во НАТО-Џулијан Смит и младата лидерка во НАТО-Катарина Кертисова на 21 април оваа година.

Нашиот победнички тим е добитник на хонорар од 500 долари.