Нова книга ќе ја збогати нашата библиотека

Гимназијата со големо задоволство го прими подарокот на Здружението за промоција и унапредување на културата, науката и образованието, УМНО, романот “Француски камп” од авторката Енна Месарош , како дел од заедничката соработка. Романот е наменет за младата популација и оваа книга ќе ја збогати нашата библиотека со дело кое опфаќа тема што ги засега адолесцентите. Преводот и издавањето на книгата се во рамките на проектот Регионална мрежа за културна разновидност READ поддржан од ЕУ, а го спроведува Гете – институтот .