Share the care – учество на eTwinning проект на нашите ученици

Учениците Ана Голабоска, Ема Хаџи-Василева, Бојан Ташев, Нина Нелоска, Јана Баткоска, Елена Ристеска, Наталија Секулоска и Сара Ристоска  под раководство на професорките Надица Николоска Филипоски и Марија Чанова, од февруари оваа година се вклучија во онлајн eTwinning проект наречен “Share the care” каде што заедно со соученици од повеќе училишта низ Турција извршуваат задачи кои подразбираат правење мали дела на љубезност, а имаат за цел да ја поттикнат добрината и грижата за другите кај своите соученици и кај членовите на заедницата во која живеат.

Со мали добри дела како што се: хранење на птиците, хранење на некое бездомно животно, помош при пазарење на постара личност, отстапување место на повозрасна личност во јавен превоз, креирање боенки за децата погодени од земјотресите во Турција, засадување дрва и цвеќиња итн., сакаме да им покажеме на нашите соученици дека само малку време во денот посветено на правење убави работи и ним ќе им го разубави животот, а што е најважно ќе ја разбуди грижата за другите во нив која сите ние ја имаме малку подзаборавено.

Со овој проект сакаме да им порачаме на сите дека емпатијата е заразна, затоа треба да ја шириме грижата за другите и за околината што е можно повеќе.