Интерен оглас за спроведување на Конкурсот за запишување ученци во I година во учебната 2023/2024 година

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици  во Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, распишува

И Н Т Е Р Е Н    О Г Л А С

за спроведување на Конкурсот за запишување

ученци во I  година во учебната 2023/2024 година

I.          БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ

            Во I година во првото пријавување во ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки  со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

            гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 миниумум поени

  • јазично-уметничко подрачје (комбинација А)
  • јазично-уметничко подрачје (комбинација Б)
  • општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
  • општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)
  • природно-математичко подрачје (комбинација A)
  • природно-математичко подрачје (комбинација Б)

II.        УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

            Услови за запишување на учениците се:

                        – да имаат завршено основно образование;

                        – да не се постари од 17 години

– да се определиле за план и програма за гимназиско образование

                        – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас

III.       ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

                        – пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);

                        – оригинални сведителства од VI  до IX одделение;

                        – дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја;

                        – извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање).

            Учениците кои го завршиле основното образование или дел од него во странство треба да достават нострифицирани документи.

            Учениците кои се запишуваат за вториот странски јазик се определуваат помеѓу  италијанскиот, францускиот и германскиот, а првиот странски јазик е англискиот јазик.

IV.       КОНКУРСНИ РОКОВИ                                          

            Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Првото пријавување ќе се врши на  20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни до 15.00 часот, а прелиминарната ранг листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни до 09.00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето ќе се врши на 22 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 23 јуни од 07.00 до 19.00 часот. Конечната ранг листа ќе се објави на 24 јуни до 12.00 часот.

V.         КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

            Критериуми за избор на ученици се:

            – среден успех на ученикот од VI до IX одделение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 50 поени.

– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети од значење за подрачјето. По  овој критериум ученикот може да добие најмногу 20 поени.

  • јазично-уметничко А и Б, општествено-хуманистичко А и Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, историја)
  • природно-математичко А (мајчин јазик, странски јазик, математика, физика)
  • природно-математичко Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, биологија)

– дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.

– средена вредност на поени добиени за поведение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.

            Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80  поени. За да се запишат учениците во ОСУ “Св.Климент Охридски ” – Охрид треба да има освоено по сите критериуми  најмалку 60 поени.            

            Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во средното училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.

18.04.2023 год.                                   Училишна комисија за запишување на ученици

Охрид                                                                                     Претседател,

                                                                                            Светлана Велкоска