Нашите професори на Еразмус + од областа на информатиката

Во периодот од 11.03. до 15.03. во градот Залау, Романија се одржа координативен состанок за отпочнување на проектот од ЕРАЗМУС + , “IoT and IoRT in education” на кој присуствуваа професорите по информатика Дарко Цветкоски и Ѓоко Дорески. Во проектот, покрај нашата Гимназија вклучени се и училишта од Турција, Романија, Португалија. На овој состанок за наставници, покрај вклучените посети на објекти од техниката и напредната технологија, информатика и роботика беа прецизирани и активностите за мобилностите што ќе се одржат во наредниот период заедно со учениците.