Еднодневна екскурзија од едукативно-рекреативен карактер

Согласно Годишната програма и Календарот за работа на училиштето за учебната 2024/2025 година, на 6.11.2024 година, се одржа еднодневна екскурзија на која нашите гимназијалци ги посетија некои од најважните културно-историски знаменитости во старото градско јадро на Охрид.

Па така, нашите сите наши ученици, заедно со нивните професори, покрај тоа што се рекреираа и научија по нешто за: Саат кулата, гробот на Григор и Кирил Прличеви, црквата “Св. Богородица Перивлепта”, Галеријата на икони, црквата “Св. Софија”, меморијалната куќа на Христо Узунов и музејот “Куќа на Робевци”.

Задолжени за едукативниот дел од оваа ексурзија беа нашите професори по историја кои со учениците споделија важни и интересни податоци за секој од овие наши локалитети.