На 14.11.2024 година се одржа општински натпревар во пинг-понг на кој двајца наши ученици се претставија во одлично светло. Имено, нашата ученичка Матеа Билбилоска го освои првото место во женска конкуренција, додека Матеј Поп Марков го освои третото место во машка конкуренција.
Им честитаме на двајцата, а на Матеа ѝ посакуваме многу успех и среќа на државниот натпревар!

