Две втори места во кошарка на нашите гимназијалци

На зонските натпревари во кошарка кои се одржаа денес во Охрид нашите екипи го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.

Девојките играа против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга во финалето кое заврши со резултат 32:42, а момците кои исто така одиграа финале против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, завршија со резултат 58:64

Им честитаме и на момците и на девојките и им посакуваме многу успеси понатаму.