Две втори места во одбојка за нашите ученици

На зонските натпревари во одбојка кои се одржаа вчера, на 26.12.2024 година во Струга, нашите екипи го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.

Девојките играа против екипата на СОУ “Нико Нестор”-Струга во финалето кое заврши со резултат 2:0 за домаќините, а момците кои исто така одиграа финале против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, завршија со резултат 2:0 за домашната екипа.

Им честитаме и на момците и на девојките и им посакуваме многу успеси понатаму.