И оваа календарска година ја завршуваме со поправени и подарени компјутери на социјално ранливите категории – иницијатива на професорот по информатика Дарко Цветкоски која ја реализираа нашите гимназијалци кои во текот на целата година собираат и поправаат компјутери и компјутерска опрема, што на крај, завршуваат во рацете на оние на кои им се најпотребни, а немаат услови да си го овозможат тоа.
“Силата ни е во заедништвото”, вели проф. Дарко и додава дека оваа акција, која започна во 2022 година, ќе станува уште поголема. Оваа година на нашите хумани ученици им се придружи и Младинската заедница од нашата Гимназија.
Го поздравуваме и го поддржуваме овој хуман гест на нашите ученици и им посакуваме успешна работа и во наредната година.




