Гимназијалците одлични и на натпреварот по хемија

На 21.02.2025 година во просториите на нашето училиште се одржаа општинските натпревари по хемија за основните и средните училишта од нашиот град.

На натпреварот нашите гимназијалци постигнаа одлични резултати и се пласираа на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 12.04.2025год.

Ученици кои го продолжуваат натпреварувањето се:

прва година: Никола Танески и Драган Спасески под менторство на проф.Јасминка Иваноска,

втора година: Наум Трендафилоски под менторство на проф.Кристина Кузманоска,

трета година: Јован Попоски под менторство на проф.Вера Гушевска-Војнеска,

четврта година: Митко Савев под менторство на проф.Билјана Стевоска.

И на учениците и на менторите им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме многу успех во понатамошното натпреварување.