По повод 21 Мај – Светскиот ден на културната разноликост и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во Младински Центар Охрид се одржаа два квиза на знаење за ученици од средните училишта во Охрид. Учесници беа екипи од охридските средни училишта, кои се натпреваруваа на темите: ,,Низ времето со Кирил и Методиј“ и „Различни култури – едно човештво“.
Екипите беа рангирани според точно одговорените прашања и добија симболични награди од МЦО. По пресметувањето на поените за квизот посветен на Светите браќа, првото место го освои екипата под името „Грации“ од ОСУ ,,Св Климент Охридски” – Охрид и тоа: Антониа Павловска, Искра Гоџо и Маја Кочоска. За вториот квиз посветен на различните култури, нашите ,,Грации” го освоија третото место.
Браво девојки. Честитки!




