Денес, учениците од гимназискиот еко-тим имаа ,,еко” работилница на која се засадија дрвца кои го разубавија нашиот училишен двор.
Дрвцата беа донација од граѓанската иницијатива ,,Збогум Буково”.
Нашата цел беше да се зголеми екосвеста кај учениците за зелена околина, а воедно и нејзино одржување.
Благодарност до граѓанската иницијатива ,,Збогум Буково” кои ја препознаваат целта на нашето постоење и соработуваат со нас, а секоја соработка носи голем бенефит за природата и сите локални херои кои се вложуваат во создавање на мали нешта и се од огромно значење за животната средина.
И да не заборавиме!
Одговорноста започнува од секој еден од нас!
Засади дрво, засади цвет, за поубав свет!







