На 28.05.2025 година, во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Глас на хуманоста“.
Конкурсот беше објавен на иницијатива на Програмата за грижа за стари лица „Најди Време“ и Клубот на млади при Црвен крст Охрид, а во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница.
На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.
На овогодинешниот конкурс беа пристигнати околу 100 литературни и уметнички творби, а нашиот ученик Михаил Велјаноски од 2 година под менторство на проф. Ема Димовска беше единствениот награден за ликовна творба од средните училишта.
Му честитаме и му посакуваме многу среќа и успех понатаму.


