Денес во нашата Гимназија се одржа предавање “Демаскирање на привлечноста” по повод утрешниот Светски ден без тутун.
На учениците од прва година им се обрати д-р Даниела Чингоска од Центар за јавно здравје- Охрид, појаснувајќи им ги ризиците и последиците од пушењето како една од најраспоространетите зависности.




