Завршната мобилност на МУДИ проектот во Универзитетот во Букурешт, Романија од 20 до 24 октомври, ја означи завршната фаза и резултатите од меѓународната соработка. Како степен повисоко, мобилноста се одржа во рамки на Меѓународната Конференција „MUltiDIsciplinary design of parent and teacher training to prevent peer bullying“, каде меѓу останатите, активно учествуваше и работниот тим од нашето училиште.
На конференцијата беа презентирани прирачниците за родители и наставници за препознавање и превенција на врсничкото насилство, чија главна авторска поддршка ја обезбедија професорите од Универзитетот во Букурешт, а нашиот гимназиски тим заедно со останатите шест партнери (училишта и организации), се јави како коавтор, внесувајќи практично искуство од училиштата.
Завршниот ден беше посветен и на научната основа за превенција и управување со врсничкото насилство, со презентации на мултидисциплинарни истражувања и увид во гледиштата на родителите и наставниците.
Овие прирачници и научни резултати се значаен инструмент за поддршка на безбедна и инклузивна училишна средина.





