Избрано ново раководство на Младинската заедница на Гимназијата

На првата конститутивна седница на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се одржаа изборите за раководство на нашата Младинска заедница!
За претседател беше реизбран Иво Георгиески, за потпретседател Ангел Трајчески, а за секретар Зорица Стевоска.

Новото раководство има за цел активно да се грижи за потребите и проблемите на учениците, како и да ги поттикнува и реализира нивните идеи и иницијативи. Тимот ќе работи на создавање подобра, поотворена и подемократска училишна средина, во која секој ученик ќе може слободно да го изрази своето мислење и да придонесе кон позитивни промени. Преку заедничка работа, транспарентност и младински дух, новото раководство најавува динамична и успешна учебна година.

Посакуваме успешно работење на новото раководство, со иста посветеност, одговорност и ентузијазам како и досега. Веруваме дека ќе продолжат да бидат гласот на учениците и двигател на позитивни промени во училиштето.