Во нашето училиште од страна на ЕКО Тимот беше организирана и реализирана акција за засадување на дрвца во училишниот двор. Засадените стебла беа донација од компаниите ЕКО Флуид-Скопје и ЛТХ Леарница – Охрид и чинот на засадување заедно го реализираа претставници од компаниите-донатори и ученици-членови на ЕКО Тимот под менторство на координаторот на Еко Тимот педагог Кристина Танеска и професорката по хемија Вера Гушевска-Војнеска.
Покрај, стеблата дрвца, компанијата ЕКО Флуид на нашето училиште му подари и подвижна училишна табла, која е од големо значење за нашето училиште.
По засадувањето, учесниците од компаниите-донатори во училишната библиотека имаа средба со учениците, на која им доделија пригодни подароци и ги запознаа со дејноста со која се занимаваат нивните компании и споделија интерес и покана и за идна соработка со нашето училиште.
Членовите на ЕКО Тимот и целото училиште им заблагодарува на ЕКО Флуид – Скопје и ЛТХ Леарница – Охрид за донацијата.




