На 13.11.2025 г. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа натпреварoт во експерименти, демонстрации, модели и симулации во склоп на 47 Школа „Млади физичари“.
На овој настан учениците од охридската Гимназија ги освоија следните награди:
Категорија ученици од IV година
Прва награда
Дарио Павлески под менторство на проф. Јасмина Јанева
Експеримент ,,Од магнет до сигнал: изработка на сеизмометар“
Категорија ученици од III година
III награда
Дарија Талевска и Ивана Гашоска под менторство на проф. Марија Сиљаноска
Експеримент ,,Рубинова цевка“
III награда
Калина Јамандиева и Иво Георгиески под менторство на проф. Марија Сиљаноска
Експеримент ,,Хидрауличен мост“
На овој натпревар со експериментот ,,Хидраулична роботска рака“ успешно се претставија и ученичките од I година: Софија Ристoска и Евгенија Палоска под менторство на проф. Марија Сиљаноска.







